ГРОМ: Одземањето на овласувањата во МВР е безбедносен ризик

Република Македонија не треба да доцни, туку на време да си преземе мерки за безбедноста, и да реагира исто како што веќе постапуваат три рамноправни членки на ЕУ со поставување жичани огради на нивните граници, истакна на денешната прес-конференција лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски за бегалската криза со која се соочува Македонија и Европа.
Според него, безбедносните проблеми и закани се вистинска причина да почне да работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а не вели, да се занимава со тривијални работи.
- Тој прво почна со одеземање на ингеренциите на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Прашувам дали сме свесни каков безбедносен проблем ни се случува? Дали сега четирите големи политички партии видоа што направија? Сега од една Влада во Република Македонија, имаме две влади и тоа во најсуптилен временски период, кога се јавува оваа бегалска криза, а притоа се повеќе се шират гласини дека се прави концепт во Македонија да се задржат повеќе од 30.000 бегалци. Тоа со гаранција ќе биде огромен безбедносен проблем на државата, оцени Јакимовски укажувајќи на сериозноста на ситуацијата со безбедноста во наредниот период и одговорноста на Владата.
Одговарајќи на новинарското прашање за партискиот став за одземање на овластувањата во МВР, Јакимовски повтори дека министерот создава безбедносен проблем. Ако продолжи така да се однесува, рече Јакимовски, има решение, а тоа е Парламентот да го разреши.
Ново на Сител
-

ПИОМ по ревизорскиот извештај – Редовноста на пензиите не е доведена во прашање
-

За околу 300 евра повисоки плати ќе добијат уставните судии ако нема законски измени
-

„Здрава Котлина“ порачува, рудник на Огражден нема да има, Владата мора повторно да одлучува
-

Успешен во светот, подготвен да помогне дома – Авнија Насуфоски постојан набљудувач во канцеларијата на ОН во Женева
-

Околу 70 поети на Струшките вечери на поезијата
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

Муцунски даде отчет за сработеното во изминатите две години
-

Јаневска: Реализиравме бројни реформи, го подигнуваме квалитетот на образованието
