Гробница стара 2.500 години запуштена од институциите
Дали гробницата кај прилепско Бонче стара 2.400 години е клучот за тоа каде се наоѓа изгубениот град Пелагонија, по кој светската археологија трага над 150 години. Македонските археолози тука истражуваат веќе 15 години и претпоставуваат дека гробница со вакви импозантни големини може да биде направена само во близина на некој голем град, кој според нив е Пелагонија, но за дефинитивна потврда им требало епиграфски споменик кој ќе содржи терминот Пелагонија.
„На сето тоа наведува прво оваа гробница и сите наоди кои ги имаме пронајдено тука. Ако се сеќавате во 2006 година тука беа пронајдени 3-те парадни штитови на македонскиот крал Деметриј. Многу монети имаме од тоа време, имаме монети каде пишува Македонија четврта дека е престолнината, но без натпис или нешто поконктретно не може да кажеме со 100 процентна сигурност“, истакна Антонио Јакимовски, археолог и раководител на проектот.
Стенд ап – Ова е навистина уникатна гробница затоа што вакви има досега откриено само две во светот. Оваа и другата која се наоѓа во Амфиполис во Грција која е 3 пати поголема од оваа. Гробницата има дромос или ходник кој води до главната погребна комора. Но за жал досега не е откриено кој пелагониски великодостојник бил положен тука.
Но за жал иако поседуваме ваков уникатен објект стар скоро 2,5 милениуми државата се однесува крајно несериозно кон него. Наместо да биде уникатна туристичка атракција гробницата се распаѓа, не се одделуваат пари за конзервација, а кога врне се претвора во голем базен, а до неа нема пат, ниту пак патокази. Годишно за истражување се одделуваат по само околу 3.000 евра со кои не може да се направи ништо. Гоиднава се пронајдени неколку гробови.
„Презентирана е и во Германиија и во Англија, значии таа е позната во науката, но тука не е ништо направено“, додаде Јакимовски.
Се претпоставува дека градот Пелагонија се простира околу гробницата на 15-тина хектари, а додека на врвот Висока над самата гробница, каде исто се пронајдени градби, се наоѓало главното светилиште.
-
Дарко Штаргоски
Сите содржини од овој новинар