Македонија
28. February 2023 - 20:10

„Гробари“ го пречекаа Вардар со грчко знаме и скандирање „Стара Србија, никад Македонија“

На денешниот натпревар во СЕХА- лигата навивачите на белградски Партизан, Гробари со грчко знаме го дочекаа македонскиот ракометен шампион.

Вардар гостуваше во Белград на пресметката во регионалното натпреварување, а навивачите на црно-белите со провокација како и скандирање „Стара Србија, никад Македонија“ го дочекаа македонскиот ракометен клуб.