Македонија
8. јуни 2023 - 19:54

Грковска нема информации дека компании блиски до владини функционери ќе бидат подизведувачи на „Бехтел и Енка“

Вицепремиерката Славица Грковска нема информации дали фирми блиски до владини функционери ќе бидат вклучени во изградбата на автопатите што ќе ги градат Бехтел и Енка. Она што засега е познато е дека подизведувачи ќе бидат македонски фирми, а тоа според Грковска е еден од бенефитите на тој проект бидејќи ќе донесе работни места и вработувања во многу домашни фирми. Доколку постои некаков конфликт на интереси ќе реагира Државната комисија за спречување на корупцијата, но и останатите државни институции и ќе се преземат соодветни мерки без разлика за кого станува збор.

Според вицепремиерката странските инвестиции се суштествено потребни заради тоа што ќе помогнат за економскиот развој, а економскиот развој на државата бил предуслов за да може да има основа за имплементирање на добрите политики за градење на подобро и социјално општество и подобро општество за сите.