Македонија
11. September 2023 - 16:34

Грковска изразила резерви за измените на Кривичниот законик

Ниту во Владата не се сите задоволни од измените во кривичниот законик. Вицепремиерката Грковска која била предлагач за делот кој се однесува на проширената конфискација, вели со резерва ги земала останатите измени во законот. Во однос на носењето на измените со европско знаменце, нејзиниот став е дека е лоша пракса за која реагирала и во минатото.

По реакциите во јавноста дека со измените се намалуваат затворските казни но и се отвора можност за застарување на голем број кривични дела, Грковска смета дека тоа е резултат на  неефикасното работење на правосуднит органи.

Опозицијата и натаму обвинува дека измените во законот се обид на власта на ДУИ И СДСМ да се амнестира од одговорност.

Измените кои беа изгласани во парламентот веднаш беа потпишани од претседателот на државата, а ќе стапат на сила за десет дена. Премиерот уверува дека голем дел од нив се со цел да се усогласи законодавството со ЕУ регулативата. Инаку јавноста деновиве остро реагираше на измените во однос на намалување на казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања, злосторничко здружување и членот за несовесно работење во службата.