-->
-->
Грета го прослави 17. роденден со протест пред Парламентот
-->
Шведската активистка за заштита на животната средина Грета Тунберг денеска наполни 17 години и ја продолжи својата борба протестирајќи пред Парламентот во Стокхолм.
– Училишен штрајк, 72.недела“, напиша на Твитер, постирајќи и фотографија на која држи транспарент на кој пишува „Училишен штрајк за климата“.
Грета првиот штрајк го почна во август 2018 година.
Училиштата во Шведска и денеска се затворени поради божиќните и новогодишните празници.
Грета се врати во Шведска по 4,5 месеци, за време на кои зборуваше на состаноци за климатата од Швајцарија до Њујорк.
Весникот „Тајмс“ во декември ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината поради улогата во создавањето глобално движење за климатските промени, меѓу другото и за акцијата секој петок да не се оди на училиште поради протест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани