-->
-->
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец
-->
Поранешниот американски претставник за Западен Балкан, Ричард Гренел, соопшти дека итно е потребна темелна и независна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец, јави дописникот на МИА од Белград.
„Постои потреба веднаш да се спроведе темелна и независна истрага за овој инцидент. Сите треба да знаеме кој го направил тоа и зошто“, напиша Гренел на својот X профил.
Во објавата тој ја сподели веста за експлозијата на каналот и за зајакнувањето на безбедносните мерки.
Во селото Вараге кај Зубин Поток во петокот вечерта дојде до експлозија во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенец, поради што е прекинато водоснабдувањето, а Приштина го обвини Белград за нападот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс