Греам: Близу е судир со Северна Кореја, да се повлечат нашите луѓе од Јужна Кореја
Американскиот републикански сенатор Линдзи Греам денеска го повика Пентагон да почне со повлекување на семејствата на припадници на американската армија од Јужна Кореја, предупредувајќи дека се ближи судир со Северна Кореја.
– Лудост е да се испратат сопруги и деца во Јужна Кореја со оглед на провокациите од Северна Кореја. Сакам тие (Пентагон) да престанат со испраќање и мислам дека сега е време за почеток на повлекување на семејствата на американски војници од Јужна Кореја, изјави Греам кој е член на Комитет на Сенатот за вооружените сили на САД.
Во изјава за Си-Би-Ес тој рече:
- Се приближуваме до воен судир бидејќи Северна Кореја оди кон технологија за интерконтинентални балистички ракети со нуклеарно оружје кое може да достигне до САД... Ни снемува време, изјави Греам.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати повтори дека сите опции се на маса кога станува збор за решавање на прашањето за балистичката и нуклеарна програма како и воената програма на Северна Кореја, но и дека префереира дипломатски напори.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник