Грдев: ИТН не сака да ја спречи Северна Македонија да влезе во ЕУ, но таа мора да биде доверлив партнер
Ставот на Има таков народ (ИТН) е да не ја спречи Република Северна Македонија да влезе во ЕУ, но смета дека таа треба да биде доверлив партнер, изјави меѓународен секретар на партијата Димитар Грдев.
– Мора да имаме апсолутни гаранции дека ќе се почитува Договорот за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, дека ќе престане говорот на омраза, дека ќе се почитуваат правата на Бугарите во Македонија, дека ќе имаме пријателски сосед, изјави Грдев за Бугарското национално радио.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Грдев, во актуелната меѓународна криза однесувањето на земјава мора да биде во согласност со сложениот геополитички миг во кој се наоѓаат светот и регионот.
Тој нагласи дека Бугарија е сериозна земја која ги поддржува напорите на ЕУ и НАТО и фактор за стабилност во балканскиот регион, па е нечесно е да се каже дека „заштитата на бугарските национални интереси е дел од хибридната војна на Кремљ на Балканот“.
Партијата Има таков народ (ИТН), чиј лидер е телевизискиот водител Слави Трифонов, е дел од четирипартитната владејачка коалиција во Бугарија.
Ново на Сител
-

Сведок од ФЗО во „Онкологија 2“: Се бараа повеќе пари за набавка на терапија поради зголемен број пациенти
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
