-->
-->
Грците прославуваат Успение на Пресвета Богородица
-->
Грците денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кој секогаш ја штити борбата и надежите на грчкиот народ за просперитет и слобода на нацијата, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во градот Теба, каде што присуствуваше на прославата на големиот верски празник.
Тој им посака се најдобро на сите Грци, а особено на оние кои се борат за заштита на животната средина и на луѓето.
- Ние сме ви благодарни, рече Павлопулос обраќајќи им се на пожарникарите и волонтерите.
И премиерот Алексис Ципрас денеска им го честита празникот во порака на Твитер.
Тој посебно им се обрати на мажите и жените кои во моментов се борат со пожарите низ целата земја и изрази благодарност во името на сите Грци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари
-
Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, информира Тошковски
-
Се бара „неработник“ на годината
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември