Грците кажаа НЕ - Граѓаните слават низ улиците

Грците се собираат на главниот плоштад во Атина, Синтагма, отакако неофицијалните резултати покажуваат дека повеќе од 60 проценти од граѓаните гласале НЕ. Тоа значи дека мнозинството од оние кои излегоа на гласање го отфрлија предлогот на меѓународните кредитори за финасиска помош на Грција.
Во замена за тоа се бараше од Грција да ги намали платите и пензиите и да ги зголеми даноците. Опозициската Нова Демократија бара од владејачката СИРИЗА на премиерот Ципрас сега да остане на зборот и да го одржи ветувањето дека Грција нема да потклекне на уцени.
Според првите неофицијални резултати Грците изгласа убедливо „не“ на референдумот на кој право на глас имаа 9.855.029 избирачи. По 20 насто изброени гласови, опцијата „не“ води со 60,53 проценти, а опцијата “да“ има 39,47 насто од гласовите. Гласале повеќе од 57 проценти од регистрираните гласачи.
Панос Каменос по првичните резултати на Твитер напиша дека грчкиот народ покажал дека не може никој да му се заканува.
– Грчкиот народ докажа дека не сака да биде уценуван. Нема да биде тероризиран. Нема да му се заканува никој. Демократија победи, напиша тој.
Ново на Сител
-

Се укинува Пржинската Влада
-

Тема на денот со Даниела Иротова Лазарева, директорка на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието
-

Ужас во Гостивар - 15 годишник ја силувал помалата сестра
-

Народен правобранител: Системот со сериозни слабости, секое петто дете е жртва на сексуално насилство
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
-

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
