-->
-->
Грците и се налутија на ЕРТ за македонско знаме во детска емисија
-->

Долгата рака на пропагандата на Скопје стигна и во детска емисија од Канада, коментираат денеска некои грчки медиуми.
Се работи за детска емисија која вчера е емитувана на вториот канал на националата телевизија ЕРТ. Деца играат во двор во кој во позадина се гледа знаме кое наликува на националниот симбол на Македонија.
Грчките информативни портали информираат дека се работи за емисија која била во канадско-британска копродукција, „субвенционирана од страна на даночните обврзници на Онтарио“.
„Одговорните во ЕРТ соопштија дека не забележале каква пропаганда се прикажува во детските емисии“, јавуваат грчките медиуми кои побарале објаснување од националниот сервис и се лутат на неговата „неодговорност“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
