Loading Video...
Свет
24. August 2021 - 17:02

Грција воведува рестрикции за невакцинираните, Бајден бара вакцина да бараат и приватните фирми

Грција планира од 13 септември до 31 март да воведе нови рестрикции со цел да ги убеди граганите  да се вакцинираат.  Сите државни и приватни службеници доколку не се вакцинирани или немаат прележано ковид  ке мора во приватна лабораторија  еднаш неделно да направат брз антиковид тест по цена од 10 евра. За оние кои работат во образованието и угостителството  и студентите ќе бидат задолжителни два теста, со тоа што за оние кои студираат тие ке бидат бесплатни. Влезот во кафулиња, ресторани, ноќни клубови и спортски објекти ке биде дозволен само со  сертификат за примена вакцина или прележана болест, не постар од 6 месеци . Во театрите, кината и музеите ке може и без ваков доказ, но со брз тест не  постар од 48 часа.

 Грчкиот министер за здравство Василис Килилиас соопштувајки ги мерките , посочи дека 90 проценти од  пациентите кои се на респиратори во болниците  се невакцинирани. Тој  апелираше до сонародниците да го надминат своето его и да  се вакцинираат за доброто на нацијата.

"At least 6 million of our fellow citizens have been fully vaccinated. To reach the 80% of the immune wall we need, we need to be vaccinated. Another 1 million citizens need to be vaccinated. I believe in the Greek. I believe that the ego will prevail over the ego .

Бројот на инфицирани  и смртни случаи е во пораст во Грција, со по триесетина починати во поселдниве два дена. Досега се имунизирани 53 проценти од грчката популација.  За нови мерки размислуваат и другите еврпоски земји, а  германскиот минситер за здравство им вети на вакцинираните и прележаните дека ке бидат изоставени од рестрикците. Откако  американската Агнецијата за храна и лекови одобри целосна употреба на  вакцината на фајзер  , претседателот Бајден  ги повика компаниите да побараат од своите вработени да се вакцинираат, а вакцинацијата ке стане задолжителна и во Армијата.

Во регионот и Европа се заоструваат и мерките  за влез преку  границите. ПЦР или вакцинален сертификат се бара на влез во Црна Гора, Бугарија, Австрија и Германија.