Грција во 2016 година завршила во рецесија
Грчката економија минатата година била во рецесија, а бруто домашниот производ (БДП) на земјата се намалил за 0,2 отсто во споредба со 2015 година, говорат податоците на грчката канцеларија за статистика (ЕЛСТАТ).
Таа, исто така, констатирала дека првичните предвидувања за првите три месеци од годината се потврдиле и покажуваат нулта раст на БДП.
Истовремено, во 2016 година потрошувачката е намалена за 0,3 отсто во споредба со 2015 година, но во март забележува скок за 0,6 отсто.
Според Еуростат, годишната инфлација во Грција во септември 2017 година изнесува еден процент во споредба со 0,6 отсто во август. Една година претходно овој процент беше 0,1 отсто.
Годишната инфлација во еврозоната во септември била 1,5 проценти. Најниска била во Кипар, а највисока во Литванија.
Ново на Сител
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“