Грција со нов план за прием на туристи
Грчките власти со нов предлог до Европската комисија како да се рестартира туристичкиот сектор во ЕУ.
Властите на Грција сметаат дека туристите треба да се тестираат за коронавирусот или за антитела во земјата од кадешто доаѓаат најмногу 72 часа пред да влезат во земјата.
Но во исто време, како што објави весникот, тестовите може да бидат поделени на региони и земји-членки кои „доставила јасни докази“ дека пандемијата од Ковид-19 е под контрола.
-Додека справувањето со пандемијата останува приоритет, здравствените мерки треба да бидат имплементирани на начин со кој ќе се минимизира непотребниот импакт на пограничното патување, се вели во владиниот грчки предлог до Европската комисија.
Грција вели дека туризмот треба да се рестартира на начин кој обезбедува фер третман на сите земји-членки за да се избегне „национална пристрастност“ во протоколите.
Понатаму, целиот транспорт по воздух, вода, и земја треба да се отвори во исто време и со пропорционални протоколи.
Според планот треба и флексибилно закажување на престојот. Но, треба да има и дискусија околу компензацијата и рефундирањето за тие кои нема да успеат да патуваат поради промени во земјите-членки кои би се случиле во „последна минута“.
Ново на Сител
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани