Грција се заканува дека нема да ја потпише Римската декларација
Грција се закани дека нема да ја потпише Римската декларација, која би требало да ја одреди иднината на Европска унија по Брегзит.
- Грција останува на своите приговори на декларацијата, чие потпишување е предвидено за викендот, кога се одбележува 60 години од постоењето на ЕУ, соопштија претставници од Атина и од Брисел.
Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ ќе ја одбележат годишнината в сабота на состанок во Рим.
Грција соопшти дека сака декларацијата да содржи јасна заштита на правата на работниците. Разговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори се во застој поради прашањето за правата на работниците.
Неименуван дипломат оцени дека Атина се обидува да го пролонгира потпишувањето на декларацијата со цел да добие предност во преговорите со меѓународните кредитори.
- Нема да не уценува една земја-членка која поврзува едно прашање на ЕУ со целосно друго прашање, истакна дипломатот.
Друг претставник во Брисел наведе дека тоа прашање може да биде решено единствено на највисоко ниво со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Ново на Сител
-
Како земјите ширум светот ја одбележуваат смртта на Папата
-
Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати