Грција ќе стигне до еден милион вакцинации
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека денеска ќе биде надмината симболичната бројка на еден милион дози,што значи дека секоја седмица што поминуваа градиме ѕид на имунитет. Тој најави дека од април Грција ќе има на располагање многу повеќе дози, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис истакна дека наспроти добрите вести за вакцинацијата има и „загрижувачки вести“ поврзани со мутациите, односно британскиот сој, кој преовладува во земјата и брзо се шири, па затоа има зголемување на бројот на нови случаи и притисок врз здравствениот систем.
– На овој напад одговараме со продолжување на зајакнувањето на нашите болници. Пред сѐ во Атика, каде што го имаме најголемиот проблем. А со фактот што рано презедовме рестриктивни мерки, можеме да управуваме со ситуацијата и покрај тешкотиите. Во спротивно, ќе станевме Португалија или Чешка. Од денеска, како што знаете, ја надградуваме одбраната на јавното здравство, правејќи го поефикасно спроведувањето на контролираното движење, истакна грчкиот премиер.
Од шест часот утрово во Грција во сила се построги измени на актуелните мерки, со цел да се ограничи раздвиженоста на граѓаните и да се спречи дополнителното ширење на коронавирусот, а паралелно се прави реорганизација на атинските болници, поради зголемениот број пациенти.
Неколку болници се исклучиво во ковид клиники, а една од воените болници во Атина и приватна клиника ќе биде „не ковид“ болници.
Од почетокот на пандемијата во Грција има 197.279 потврдени случаи на Ковид-19, а починаа 6.597 лица.
Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, о исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е веќе 20 дена.
Ново на Сител
-
Трамп вели дека има право да депортира мигранти без судење
-
ЦУК: Пожарот на градската депонија во Демир Хисар сè уште активен, но под контрола
-
Деветмина загинати и 30 ранети во руски напад врз украинскиот град Марханец
-
ММФ прогнозира раст на македонската економија од 3,2 проценти
-
На погребот на папата Франциск се очекуваат над 200.000 лица
-
Лани создаден комунален отпад од 790 866 тони, 438 килограми по жител
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Палевски
-
Меѓународна Конференција за зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права