Грција ќе добие транша од 2,8 милијарди евра
Работната група на еврото дала зелено светло за исплата на транша од 2,8 милијарди евра за Грција, јави грчката државна агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од Еврозоната.
Одборот на директори на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој денеска ќе има состанок во Брисел, треба официјално да ја одобри исплата на две под-транши од 1,1 и 1,7 милијарди евра.
Исплатата на под-траншата од 1,1 милијарди евра беше одобрена на состанокот на Еврогрупата на 9 октомври, при што беше утврдено дека Грција во целост ги исполнила сите 15 барања, додека одлуката за 1,7 милијарди евра беше одложена се додека кредиторите не ги добија септемвриските бројки за отплата на државните долгови.
Грција овие податоци ги испрати минатата недела по што претставници на министерствата за финансии на еврозоната дадоа зелено светло за исплата на преостанатите 1,7 милијарди евра.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција