Грција ја тужи Чешка во Брисел поради производство на „грчки јогурт“
Грција до Европската комисија поднела жалба поради тоа што Чешка продава свој јогурт под името „грчко“, јави дописникот на МИА од Прага.
Според грчките власти, споменатиот јогурт е продукт типичен за Грција и сметаат дека означувањето на чешкиот производ со името „грчки“ ги доведува во заблуда поторшувачите.
Во писмото упатено до Еврокомисијата, грчкиот министер за рурален развој и прехранбени производи Евангелос Апостолу вели дека именувањето на чешки производ како грчки е во спротивност со Директивите на ЕУ за давање на целосни информации за производите.
- Терминот „грчки јогурт“ е погрешен и не ја одразува реалноста, бидејќи наведува на конкретна земја на потекло - Грција, на која производот и го должи својот углед, пишува Апостолу.
Чешка засега не ги коментира овие наводи иако потврдува дека е контактирана од страна на Европската комисија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсени поранешни и сегашни функционери – истрагата за Кочани се проширува
-
Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце – Елез Хан
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото