Бизнис
11. August 2015 - 19:44

Грција и кредиторите постигнаа договор, нови мерки за штедење и реформи

Грција постигна договор со меѓународните кредитори со кој треба да избегне финансиски колапс и излез од еврозоната, а помошта е условена со низа цели и реформи.

Меѓу мерките нив се остварување буџетски суфицит догодина, укинувања на даночните олеснувања за земјоделците, зголемување на данокот на солидарност од 4 на 6 проценти за лицата кои заработуваат меѓу 50 и 100 илјади евра годишно, нов закон за нефункционални кредити, дерегулација на пазарот за гас.

Грција во јули веќе усвои дел од мерките, вклучително: упростени стапки на ДДВ и негова поширока примена. Намалување на пензиите и создавање независна статистичка агенција. Реформи на правосудството и прифаќање на европските резолуции за спас на банки.

Грција ќе треба да спроведе и амбициозна реформа на пензискиот систем, приватизација на преносот на струја, р,евизија на колективните договори како и масовни отпуштања во администрацијата.