Македонија
17. November 2017 - 9:01

Грција и денеска заробена од лошото време

Во Грција и денеска ќе продолжи лошото време проследено со поројни дождови и силен ветар, претежно во региони во континенталниот дел од државата, јавија грчки медиуми. 

Метеоролозите најавуваат дека бурата наречена „Зенон“ која доаѓа од Средоземното Море ноќеска ќе ја погоди Грција. Се очекуа бурата да донесе нов бран поројни дождови и ветар како на почетокот на неделата, кога беа предизвикани катастрофални поплави крај Атина и во кои досега загинаа 16 луѓе.

Од вчера во Грција е тридневна жалост. Сите училишта во областа Атика се затворени.