Грција годишно губи 16 милијарди евра од затајување даноци

Грчката држава годишно губи до 16 милијарди евра поради неплаќање даноци, покажа истражување на компанијата „Дианеосис“.
Цитирајќи податоци од истражувањето, весникот „Катимерини“ пишува дека „прекумерното оданочување на даночните обврзници и бизнисите во последните неколку години доведе до маѓепсан круг: даночно затајување е во пораст, даноците се зголемуваат и приходите се намалуваат“.
Според податоците, како што јави дописникот на МИА од Атина, само 1,6 проценти од даночните обврзници или 120 илјади луѓе треба да платат 2,7 милијарди евра или речиси 30 проценти од вкупниот данок на приходи. Се работи за Грци чиј приход е над 42 илјади евра годишно.
Како главни причини за неплаќањето даноци се истакнуваат неефикасното функционирање на системот за наплата на даноците, прекумерните високи даноци, многуте закони, прописи и циркуларни писма.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
