Грција го исплати заостанатиот долг кон ММФ
Грција денеска го исплати заостанатиот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од речиси две милијарди евра, соопшти портпаролот на оваа финансиска институција Џери Рајс.
- Грција повеќе не доцни во отплатата на долговоите кон ММФ, изјави Рајс.
Тој при тоа нагласи и дека ММФ е подготвен да продолжи да и помага на Грција во напорите да ги поврати финансиската стабилност и економскиот раст.
Претходно, Атина го исплати и долг од 4,2 милијарди евра кон Европската централна банка кој доспеа денеска, а и врати околу 500 милиони евра на Централната банка на Грција.
Исплатените средствата се дел од преодниот кредит од 7,16 милијарди евра од Европскиот стабилизацикси механизм, што и беше одобрен на Грција во рамките на нејзниот договор со доверителите.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси
-
Сиљановска-Давкова: Членовите на Судски совет сами да си дадат оставка – Не се избрани да бидат скандал мајстори
-
Измените на Кривичниот законик утре пред Уставен – Околу 800 лица досега се спасиле од одговорност
-
Заклучоци од владина седница
-
Контакти со Бугарија се уште нема – Оптимизмот останува