Грција ги отвора и трговските центри и моловите
Во рамките на постепеното укинување на рестрикциите во Грција, од утре повторно се отвораат трговските центри и моловите, но под истите правила под кои работи и малопродажбата, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопшти генералниот секретар од Министерството за развој на Грција Панајотис Стамбулидис, на денешната прес конференција, моловите исто како и продавниците, ќе работат само со услугите „click inside” и „click away”, односно посета на продавница по претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг.
Стамбулидис ги објасни и правилата под кои ќе работата угостителските објекти што ќе се отворат само во надворешните делови на 3 мај.
Масите ќе треба да бидат на растојание од 0,9 до 1,8 метар, во зависност од поставеноста на столчињата, дозволени се до шест лица на една маса, само седнати, забрането е стоење, на масите задолжително треба да има антисептик, а угостителските објекти ќе бидат затворени за време на полицискиот час од 23 до 5 часот наутро.
Од понеделник селф тестовите, односно брзите тестови за домашна употреба ќе бидат задолжителни еднаш седмично за вработените во јавните служби, но и за свештените лица, поповите и останатиот црквен персонал.
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини