Грција бара Албанија да го избрише поимот „Чамарија“ од учебниците

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕјас на седница на грчкиот Парламент побара Албанија да ги „прочисти“ на учебнците од „прашањето за Чамите“.
Коѕиас изјави дека во текот на разговорите на заедничката експертска комисија, грчката страна јасно им ставила до знаење на албанските претставници дека термините „албански територии во Грција“ и поимот „Чамарија“ за дел од грчката територија, треба да бидат избршани од учебниците по историја и географија.
- На последната средба на мешовитата грчко-албанска експертска комисија, грчката страна категорчно побара бришење од учебниците на зборовите што се навредливи за единството на нашата држава, за неккави „албански територии во Грција“. Исто така, и грчката географска област, која во учебнците се именува како „Чамарија“, за жал, покажува дека албанската држава е блокирана во националистичка реторика, Тоа и штети во прв ред на самата Албанија, посочи Коѕијас.
Спорд него, грчките претставници како услов за кој нема преговори го поставила „бришењето на овие фрази од албанските учебници“.
Околу оваа тема реагираше и шефот на албаската дипломатија Дитмир Бушати, кој потврди дека е формирана заеднчка работна група за „оценување на учебниците по историја во двете земји“.
Претходно, грчкот претседател Прокопис Павлопулос и се закани на Албанија дека доколку сака во ЕУ треба „да ја затвори устата за некакво непостоечко прашање за Чамите“.
Во Албанија со името Чамарија се нарекува територијата на која живееле етнички Албанци и која на Конференцијата во Лондон во 1913 година и припаднала на Грција. Во 1945 година од оваа територија биле протерани повеќе од 35.000 етнички Албанци, а неколку илјади биле убиени, под обвинение за „соработка со окупаторските германски и италијански власти“.
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
