Грчко МНР: Реформите и името се предуслови за интеграција на Скопје во ЕУ
Реформите и решавање на прашањето за името се главните предуслови за интеграција во ЕУ, а треба да биде јасно дека одлуките не ги носи Комисијата, туку Советот на ЕУ каде Грција јасно ги има формулирано нејзините позиции, соопштуваат од грчкото МНР во однос на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.
- Во однос на поранешната југословенска Република Македонија, долг е патот што треба да го изоди за да го пополни јазот создаден од назадувањето во последните години. Стабилноста и напредокот на земјата е од витален грчки интерес. Се нагласува дека ова е седми пат што оваа земја добива позитивна препорака од Европската комисија. Сепак, треба уште еднаш да се разјасни кон сите страни дека одлуките ги носи Советот, а не Комисијата, каде Грција јасно ги има формулирано нејзините позиции, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека унапредување на реформите и решавањето на името се главните предуслови за напредок на земјата кон ЕУ.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкото Министерството за надворешни работи, во соопштението вели дека Грција го поддржува проширувањето на ЕУ, но земјите кандидати ќе треба да ги исполнат поставените услови.
- Како основни проблеми од европски, регионален и грчки интерес за Западниот Балкан се: значајниот напредок на дијалогот меѓу Белград - Приштина, суштински и одржлив напредок на Албанија во однос на петте клучни приоритети, како и важното унапредување на реформите во поранешната југословенска Република Македонија кои Европската унија ги карактеризираше како итни. Исто така, решавањето на прашањето за името останува нераскинлив дел од поставените предуслови, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

ДКСК презентираше резултати од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето
-

Викендов во знакот на Охрид трчаТ
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
