Грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на средбата на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан пред две седмици во Лондон.
Самитот се одржа на 22 октомври, од Министерството за надворешни работи на Грција на Икс, тогаш објавија фотографии од средбите на Герапетритис, меѓу кои и со премиерот Мицкоски, а на денешниот редовен брифинг со новинарите Зохиу рече дека разговарале за она што беше на агендата на средбата на шефот на грчката дипломатија со Тимчо Муцунски пред нешто повеќе од три месеци во Атина.
-Во однос на средбата на маргините она на што се осврнаа беше многу добрата клима во билатералните односи, она што всушност беше споменато и за време на посетата на министерот за надворешни работи во јули годинава, односно на темите поврзани со продлабочување на соработката во секторот на трговијата и инвестициите, рече портпаролката на МНР на прашањето на МИА за темите за кои разговарале Мицкоски и Герапетритис.
Говорејќи за Самитот во Лондон за Западен Балкан, Зохиу повтори дека шефот на грчката дипломатија за време на неговото учество „ја повтори поддршката на Грција за пристапната перспектива на Западен Балка“, но и дека интеграцијата треба да се реализира со целосно почитување на европското законодавство, на меѓународното право, демократските принципи и на владеењето на правото, како и на добрососедските односи и регионалната соработка.
-Министерот секако истакна дека треба да им се даде визија на народите на Западен Балкан за да се забрза овој процес што започна со грчката иницијатива пред 22 години со Солунската агенда, посочи Зохиу.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон за насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети
-

Во Литванија граѓаните во засолништа поради непознат летачки објект
-

Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
-

Венс: Имиграцијата е виновна за насилството за време на протестите во Франција
-

Украинските сили извршија напади со дронови врз Санкт Петербург и Ленинградската област
-

Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените
-

Брвеница избира градоначалник
-

Времето сончево со мала до умерена локална облачност
