-->
-->
Грчките земјоделци го блокираа автопатот кај Лариса
-->
Земјоделците од Тирнавос во централна Грција вчера два часа го блокираа автопатот во делот меѓу Лариса и Кожани, во знак на протест поради зголемувањето на даноците и придонесите за социјално осигурување.
Автопатот беше блокиран од 18 до 20 часот, по одлука која ја донесе синдикатот на земјоделците во понеделникот.
Земјоделците од Дамаси денеска планираат да блокираат дел од стариот национален пат кој ги поврзува Лариса и Кожани. Дополнително ќе биде соопштено на кои патишта ќе се постават блокади во наредните денови и во текот на викендот.
Грчките земјоделци и минатата година презедоа слични акции кога со денови блокиаа автопати низ целата земја, како гранични премини кон соседните земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение