Грчките супермаркети очекуваат недостиг на храна од следната недела
Големите синџири на супермаркети и прехранбената индустрија во Грција изразија голема загриженост за снабдувањето на пазарот следната недела, јави дописникот на МИА од Атина.
Според претставници на прехранбената индустрија, проблеми ќе има со снадбеност најмногу на свежо месо, риба и млечни производи, затоа што побарувачката на пазарот во овие категории главно се покрива со увезена стока.
Бизнисите кои го користат месото како суровина, како што се производителите на колбаси и филети, веќе се соочуваат со недостиг, кој го попречува нормалното работење.
Во следните неколку дена, исто така, се очекува да се почувствува и недостиг на грчко месо, со оглед на тоа што индустриите со храна од животинско потекло предупредија дека имаат резерви само до утре. Иако домашната побарувачка е главно покриена со храна од животинско потекло произведено во Грција, 70 отсто од суровините се увезуваат. Залихите на задругите на островите, како што е Наксос, каде субвенциите за храна од животинско потекло се исплаќаат еднаш месечно, веќе се многу ниски бидејќи не беше можно да се направат нарачки за јули.
Покрај тоа, многу порано од што се очекуваше може да дојде и до недостиг на храна што не се расипува, како што се тестенини, ориз и грав, со оглед на зголемената побрувачка.
Во првите неколку дена по најавата на референдумот, прометот на супермаркетите порасна за 35 отсто.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто