Грчките спасувачи не ја потврдуваат трагедијата- медиумите објавија снимка

Две лица кои се изгубиле вчера попладне на падините на планината Кајмакчалан од грчка страна според извештаите на повеќето грчки медиуми, утрово се пронајдени мртви. Сепак, од грчката против пожарна бригада потврда за трагедијата нема.
Грчката телевизија „Алфа“ објави дека двајца планинари биле пронајдени мртви, информација која беше објавена и на други локални медиуми, но спасувачката служба се уште не ги потврдува трагичните вести.
-Двајцата тпланинари од Скопје, еден маж и една жена на возраст од околу 30 години, отишле на Кајмакчалан со пријателите. Властите биле алармирани вчера во 14:30 часот, кога започнала истрагата по исчезнатите планинари. Веднаш е даден сигнал на надлежните и специјално обучени спасувачи почнале да ја „чешлаат“ областа за пронаоѓање на двете лица, објавија грчките медиуми.
Според Алфа, околу 20 часот синоќа, спасувачите успеале да разговараат со планинарите, но сепак не можеле да стигнат до критичната точка, бидејќи во тоа време преовладувале екстремни временски услови.
-Денеска рано наутро, двете лица се пронајдени починати паднати во клисура, објавија грчките медиуми.
Противпожарната бригада не ја потврдува трагедијата
Трагичниот настан до сега не е потврден од страна на Противпожарната бригада. Според нивната Канцеларија, направени се процедури за да се пристапи и извлечат двајцата исчезнати, без притоа да се прецизира дали тие се починати.
.
Ново на Сител
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
