Грчките партии со непроменети позиции и по референдумот
Резултатот од вчерашниот рефрендум во Македонија, не ги промени позициите на грчките партии. Нова демократија и Движење за промена и понатаму се против Договорот од Преспа, партијата Река потенцира дека Грција треба да го поддржи европскиот тек на соседната земја, додека пак официјалниот став на грчката Влада изразен преку Министерството за надворешни работи на Грција е дека Атина ги почитува одлуките на граѓаните на соседната земја, јави дописничката на МИА од Атина.
Партијата Река, на која грчката Влада поентира за мнозинство во Парламентот за ратификација на договорот, во соопштението по резултатот од референдумот коментира дека „повеќето беа рамнодушни или не се согласуваат, факт што сведочи дека преферираат пролонгирање на денешната ситуација, сметајќи очигледно дека договорот со Грција е болен компромис“, но потенцираат дека Грција треба да го поддржи европскиот пат на соседната земја.
- Ние Грците, треба нашата позиција да ја синхронизираме со онаа на нашите партнери и сојузници. Треба да го поддржиме европскиот пат на соседната земја и поблиските односи со западот. Сите ние - оние кои влијаат на јавното мислење - ќе треба да се ослободиме од синдромот на жртва. Грција нема да биде губитник во оваа разврска. Доволно е да се разбереме и да ги дефинираме патриотски приоритети, соопштуваат од Река.
Со непроменети позиции е Движењето за промена, а нејзиниот портпарол, Павлос Христидис во пишаната изјава за резултатите од референдумот вели дека „по грчкиот народ и граѓаните на ПЈРМ му свртеа грб на договорот на Ципрас-Заев“.
- Фактот дека Скопјаните му свртеа грб на договорот што им даваше македонски јазик и националност, покажува колку се длабоки иредентистичките и националистичките стереотипи во соседната земја. Дека овој договор би создал само нови проблеми, како што неколку пати има истакнато Фофи Генимата, вели портпаролот на Движење за промена, Христидис.
Од неонацистичката Златна зора велат дека „резултатот од референдумот не може да ја смени историјата, Македонија била е и ќе биде грчка“, а за дена во 17.15 закажаа протест со мотори.
Како што синоќа објави МИА, најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, во соопштението, кусо откако беше соопштен резултатот, рече дека „ќе вложи секаков можен напор за да не стапи во сила национално штетниот договор од Преспа“.
Ново на Сител
-
Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена смртно прегази жена во Неготино
-
Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец
-
Отстранети околу 50 кубни метри отпад од диви депонии во општините Центар и Чаир
-
Уапсени три лица во Гостивар - Пронајдена и одземена марихуана
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер | ФОТО
-
ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник