Грчките медиуми заинтересирани за средбата Груевски-Бајден

Речиси сите грчки медиуми деновиве прво ја најавија, а потоа и известија, засега без коментар, за средбата на македонскиот премиер Никола Гуевски со американскиот потпретседател Џо Бајден.
Во Грција се информира дека на средбата се разговарало за „напредокот на Македонија кон евро-атлантските институции“, и оти по разговорите Груевски изјавил дека со Бајден „ја разгледале целокупната политичка ситуација во Македонија, било разговарано за економската соработка, за безбедносни прашања и за реформите“.
- Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со САД, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ, и нивната поддршка во тој правец ќе биде многу значајна за нас, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Груевски, кој додаде дека САД остануваат стратешки партнер на Македонија.
Во Грција, исто така, се подвлекува дека „Амбасадата на САД во Скопје соопшти дека состанокот се одржал на барање на Груевски, во врска со безбедносни прашања, но, исто така, и за да се реши политичката криза во соседната земја“.
„Не е објавено во јавност дали на средбата меѓу Груевски и Бајден било разговарано и за прашањето за спорот со Грција за името на земјата. Треба да се напомене дека во Македонија има преодна влада која ќе ја води земјата до изборите следниот април“, коментира „Катимерини“.
Весникот не пропушта да потсети дека „на грчката страна, со серија иницијативи на Никос Коѕиас и неговите соработници, се вложуваат напори за воспоставување позитивна клима со цел да се создаде плодна почва за јавно промовирање на взаемно прифатливо решение за името, кое претставува единствен значаен спор меѓу Грција и Македонија“.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
