Грчките медиуми за вчерашниот протест во Скопје
„Ние сме Македонија: нов протест во Скопје“, „Не за контакти со Атина, рекоа илјадници демонстранти во Скопје“, „ПЈРМ: Собир во Скопје против промена на името на земјата“, „Нов протест за името Македонија“, „Голем протест во Скопје против промена на името“, „Голем протест во Скопје со слоганот: Ние сме Македонци“, се само дел од насловите во онлјан изданијата на грчките медиуми за вчерашниот протест во Скопје.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во кусите текстови, без дополнителни анализи и коментари, медиумите во Грција, повикувајќи се на информации од Ројтерс и од македонските медиуми, објавија и фотографии од демонстрациите.
- Со централен слоган „Ние сме Македонија“, граѓанските организации што учествуваа во протестот, ја повикаа владата на ПЈРМ да не се согласи на никаква промена на името, но и да ги заштити јазикот и националниот идентитет, пишува електронското издание на весникот „Ефимерида тон синдактон“.
Грчките медиуми објавија дека во протестот учествувале околу 5.000 лица, а потсетуваат дека ова е втор собир во Скопје за една седмица.
- Илјадници граѓани од ПЈРМ во неделата протестираа во центарот на Скопје против промена на името на земјата, додека пак на ист протест во Мелбурн, Австралија, демонстрантите се чини дека го запалија грчкото знаме, објави грчката телевизија Скај.
Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, новинарите, акцентот во прилозите го ставија на протестите што ги организираше македонската дијаспора во Австралија.
Ново на Сител
-
И официјално е потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ
-
Проширувањето во фокус на средбата на министрите за европски прашања на членките на ЕУ и на кандидатите за членство
-
Два активни пожара, три ставени под контрола
-
Путин ги пофали „невидените“ врски со Кина на почетокот на разговорите со Си
-
Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
-
Номинален раст, а реален пад во трговијата со храна, пијалаци и тутун
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени