-->
-->
Грчките медиуми за посетата на Мичел на Скопје
-->

„САД ги поддржуваат Грција и ПЈРМ во изнаоѓањето решение во прашањето со името“; „Американскиот заменик министер за надворешни работи: Грција и ПЈРМ треба сами да најдат решение“; „Вашингтон за името: Грција и ПЈРМ сами да стигнат до решение“, се дел од насловите во грчките медиуми.
Новинската агенција, во текстот што го презедоа онлајн изданијата на грчките медиуми, ги пренесува ставовите на Мичел и Заев.
- Прашањето за името и евро-атлантската перспектива на ПЈРМ беа разгледани на средбата што ја имаа во Скопје заменикот министер за надворешни работи на САД, одговорен за европски и и евроазиски прашања Вес Мичел и премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев. Господинот Мичел рече дека САД ги поддржуваат Грција и ПЈРМ во напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение во прашањето за името и додаде дека единствено одржливо решение на прашањето е она до кое ќе стигнат сами двете земји, пишува АНА-МПА.
Во текот на утрешниот ден, според најавата од Стејт департментот, Мичел ќе биде во Атина, но засега нема информации со кого ќе се сретне.
Судејќи според она што го објавуваат грчките медиуми, Вес Мичел нема да се сретне со Никос Коѕијас, бидејќи шефот на грчката дипломатија од денеска ќе биде во Бостон каде што ќе одржи предавања на Универзитетот Тафтс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
-
Трамп го пролонгира стапувањето во сила на реципрочните царини до 1 август
-
57-годишен скопјанец бил фатен како подметнува пожар во Ѓорче Петров