Балкан
13. September 2015 - 11:26

Грчките избори може да бидат причина за нови проблеми

Катимерини - Атина

Претстојните грчки избори може да создадат нови проблеми, за кои по договорот со меѓународните кредитори за заемот за спас од 86 милијарди евра, се сметаше дека се решени. Ако се има предвид дека ниту една партија нема да добие мнозинство гласови на изборите на 20 септемрви, може да биде многу тешко да се формира влада која ќе ја спроведе програната за спас. Дури има и опасност од нови избори која ќе ја врати Грција назад кон кризата.

Кога Алексиси Ципрас ги предизвика изборите со својата оставка како претседател на владата, тој веројатно си мислел дека лесно ќе ја добие власта. Покрај ова, испитувањата на јавното мислење во јули нему му даваа значајна предност. Идејата на Ципрас беше да се откачи од пратениците од неговата партија Сириза, кои не го поддржаа договорот со меѓународните кредитори, и да си извојува нов мандат за да продолжи со програмата.

Но нови социолошки истражувања, кои се појавија минатата седмица, покажуваат друга слика. Сириза продолжува да е партија со најголема поддршка, но нејзината предност пред Нова демократија нагло се намалува. Освен тоа, довербата во Ципрас, која беше исклучително висока, силно падна. Во истражување од Македонскиот универзитет, само 30 отсто од испитаниците имаат позитивно мислење за него, наспорти 70-те проценти во март.

До неодамна, Ципрас беше премиер кој продолжуваше да е популарен и покрај лошите одлуки кои ја доведоа земјата до работ на економска пропаст. Но сега изгледа нештата се сменија.

Расцепот во Сириза исто го покажува своето влијание. Едно крајнолево крило кое сака враќање на драхмата и беше бесно на одлуката на Ципрас да склучи договор со меѓународните кредитори, иако пред тоа велеше дека нема да го стори тоа, веќе си направи своја партија.

Предизборната кампања штотуку започна и истражувањата на јавното мислење во август за време на летните одмори не се сметаат за особено веродостојни. Иако и со тие податоци излегува дека е малку веројатно оти некоја од партиите ќе има мнозинство во 300-члениот парламент, дури и ако се земе предвид дека политичката формација која добила најмногу гласови на изборите добива дополнителни 50 пратенички места.

Тоа е проблем. Навистина голем дел од пратенциите кои ќе бидат избрани на 20 септемри веројатно ќе бидат од партиите кои барем теоретсски се обврзани со програмата за спас. Проблемот е што Ципрас нема да биде претседател на влада која ќе ја вклучува Нова демократија или две помали партии од центарот и лево од центарот. Покрај ова, уште не е јасно дали неговиот посакуван коалициски партнер, партијата Независни Грци, воошпто и ќе има народни претставници.

Ако Ципрас не може да формира влада, може да има нови избори – трети оваа година. Тоа може да создаде уште економски проблеми, затоа што Атина значително ќе забави во исполнувањето на обврските од програмата за спас. Луѓето може повторно да размислат за излегување на Грција од еврозоната.

Грците може да го казнат Ципрас ако тој предизвика трети избори. Тие изгледа веќе се незадоволни од вторите избори, а покрај ова Ципрас во јули спроведе референдум дали да биде прифатена програмата за спас. Ципрас може и да формира коалиција со партиите за кои вети дека нема да соработува.  Поранешниот премиер веќе има репутација на човек кој не стои на своите зборови.

Еден можен развој на ситуацијата би довел до ефикасна примена на програмата за спас. Но постои опасност Ципрас да не се одбрани од сите бунтовници во својата партија затоа што се плаши дека така ќе се зголеми поддршката за крилото кое се отцепи. Во таков случај, владата на почетокот може да има мнозинство, но тоа да се распадне кога треба да се донесат тешки одлуки, што повторно ќе доведе до избори.

Тоа сценарио може да биде избегнато ако секоја партија поканета да се приклучи кон коалицијата на Ципрас настојува сите други центристички партии исто да бидат во власта. Тоа веројатно ќе донесе доволно мнозинство за да се спречат идни евентуални расцепи. Секој веројатен коалициски партнер треба исто да бара Ципрас да назначи сериозни министри, вклучвајќи и технкорати, во својот кабинет. Неговата прва влада беше изедена од некомпетентност.

Друга идеја е дека Ципрас може да поддржи некаква форма на влада на национално единство, но не како премиер. Тој може да предолжи друг политичар од Сириза или некој технократ за таа позицоја. Но тоа може да предизвика опасност дека Ципорас се бидува да си ги измие рацете за програмата за спас која претходно ја одобри, а тоа ќе стане причина за нејзино тешко спроведување.

Сето ова земено во обзир, се разбира, би се сменило ако Нова демократија победи на изборите. На неа ќе и биде полесно да формира коалиција, затоа што вети дека ќе работи со секоја демократска партија по изборите. Тие дури рекоа дека ќе работата со Сириза во владата за национално единство. Тоа можеби е и најдоброто решение за Грција. Но Ципрас најверојатно нема да се согласи со тоа. Дури и најлошите сценарија да бидат избегнати, токму заради политичките битки нема да се случи она кое би било од најголема корист за самитеГгрци.