Грчките фирми 1,2 милиони евра загубата поради блокадата на Идомени
Загубите на грчките транспортни компании од блокадата на железничката пруга на границата меѓу Грција и Македонија се проценети на 1,2 милиони евра, јави АНА-МПА.
Железничката пруга беше отворена за сообраќај од денеска, откако полицијата го расчисти реонот во кој беа две илјади имигранти.
Досега од Македонија во Грција минале три железнички композиции.
Претставник на транспортните компании изјави дека едната железничка композиција со 15 вагони превезувала шеќер, друга - со 17 вагони превезувала хемикалии и трета на кинеската компанија „Коско“ со 38 празни вагони се упатила кон Пиреја, за да биде товарена.
Во меѓувреме во регионот на граничниот премин Идомени се очекува воз со четири вагони, за во него да бидат товарени останатите 300 имигранти кои се се уште се на границата.
Возот ќе ги транспортира имигрантите до Солун, а од таму тие ќе бидат превезени до Атина.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Комората на северозападна Македонија не гледа трикови со цените - Апелираат трговците да го почитуваат договореното
-
СДСМ: Антикорупциска да ја повлече одлуката за именувањето на Христовски за директор на АНБ
-
6 милиони евра дополнителни средства Агенцијата за вработување за 2025 година
-
Потребно е проширување на понудата
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со комуникологот Бојан Кордалов