Балкан
25. January 2017 - 8:32

Грчкиот претседател бара промени во европската политика за штедење

Европа треба да ја промени политиката на штедење што се спроведува во моментов и која го намали бруто-домашниот производ на повеќето земји-членки на ЕУ и негативно се одрази на остварливиот раст во Европа, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Во својот говор на вечера организирана во негова чест од страна на Француско-грчката трговска комора, Павлопулос рече дека оваа политика треба да се замени со економска политика чија цел ќе биде постигнување на одржлив развој.

- Оваа политика мора да се заснова на неопходните реформи и соодветни инвестиции, како и рационално дизајнирано зголемување на ликвидноста и побарувачката, додаде тој.