Балкан
23. May 2018 - 12:19

Грчкиот претрседател имаше успешна операција на срцето

 - Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос имаше успешна операција на срцето, јави ТАСС.

На денешната интервенција, лекарите му вградија стент на 67-годишниот шеф на државата.

Операцијата беше направена во кардиолошкиот центар во Атина.

Прокопис Павлопулос се очекува да се врати на своите работни обврски уште во текот на утрешниот ден.