-->
-->
Грчкиот Парламент усвои Закон за медицински канабис
-->
- Со поддршка од владината коалиција и левоцентристичките партии Река и Демократска коалиција, грчкиот Парламент со големо мнозинство го усвои Законот за производство на медицински канабис.
Против Законот гласаа пратениците на Нова демократија, Комунистичката партија, Златна зора и Сојузот на центристите.
Опозициската Нова демократија соопшти дека не се сомневаат во тоа дека е корисна употребата на медицинскиот канабис, но смета дека во Законот на Владата недостигаат гаранции, а резултат на тоа би било неконтролирано производство, ширење и одгледување на канабисот.
Министерот за здравство на Грција, Андреас Ксантос изјави дека со законот се прави прв важен чекор за пристап на пациентите до медикаменти што докажано имаат корисно, а во некои случаи и терапевтско дејство.
Според грчкото Министерство за здравство, како што јави дописникот на МИА од Атина, со Ззаконот се регулира производството, контролата и дистрибуцијата на медикаменти што содржат фармацевтски канабис, со цел да се промовираат инвестиции во овој сектор што ќе донесат корист за економијата и државата.
Законот, меѓу другото, дава можност за лесен пристап на пациентите до готови фармацевтски производи од канабис од домашно производство, но и можност за физички и правни лица да одгледуваат различни видови на канабис за обработка на суровини со единствена цел, производство на медицински канабис во Грција
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно