Македонија
16. јуни 2018 - 16:45

Грчкиот парламент пред гласање доверба за владата на Ципрас, Коѕиас најавува документи за преговорите водени од претходните влади

На денешниот последен ден од дебатата за името  во грчкиот парламент, пратениците на Нова демократија ја окупираа говорницата со остри критики упатени до Ципрас. Доајенот во грчката политика  Самарас го обвини дека го продал името и на грчките национални интереси. Поранечниот лидер на Нова Демократија и екс премиер директно му се обрати на Ципрас од говорницата

- Г-не Ципрас, јас се борев за да биде Скопје, а вие се предадовте. Вие и ваШите папагали ме обвинувате декка сум го создал Скопје. Дека сум се потчинил ... Но, јас не ги создадов проблемите. Тие беа веке направени од Сталин и Тито, но за тоа Ципрас молчи! Јас успеав со тоа што не го признав Скопје!

Неговиот говор беше пропратен со овации од  страна на неговите сопартијци . Пратениците од Сириза пак се фокусираа на вчерашниот инцидент со пратеникот на Златна Зора кој повика на пуч и за  инцидентот ја обвинија политиката на НОва демократија која поддржува крајно десничарски  и националистички ставов.  Тие ја обвинија дека  опозицијата дека надворешната политика која со години ја практикувале додека биле во власт ја донеле Грција во корсокак.

Се очекува пред пратенците да излезе и  министерот за надворешни работи Кодзијас кој најави дека ке ги објави  декласифицираните доверливи документи кои откриваат како преговарале претходните грчки влади, на што се согласиле, што предложиле во врска со името

Тој во изминатиов период ги обвинуваше партиите во Грција кои претходно биле на власт , а сега како опозиција се против договорот, дека преговарале со помеки позиции и за тоа постојат документи во министерството. 

Инаку во  досегашната дебата учествуваа над 100 пратеници . Расправата треба да заврши вечерва со излагањата на лидерите на политичките парии и премиерот Ципрас, по што ќе се гласа  за недоверба на Владата. Паралелно со гласањето, на Синтагма се закажани нови протести , под мотото „Состанок со историјата“, а во организација на „Комитетот за одбрана на грчкиот карактер на Македонија“.

Инаку , грчките медиуми прогнозираат дека Владата ќе го преживее гласањето бидејки има контрола врз 154 од вкупно 300 места во парламентот. Лидерот на партијата независни грци Панос Ламенос синока преку твитер повтори  дека иако не се соглсаува со договорт за името сепак ќе му остане лојален коалиционен парнер на Ципрас и нема да гласа за недоверба.