Грчкиот парламент не и изгласа недоверба на владата на Ципрас
Со 127 гласа за и 153 против, грчкиот парламент ја отфрли иницијативата на опозициската Нова демократија за недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.
Гласаа вкупно 280 од 300 пратеници, а единствено Димитрос Каменос од Независни Грци имаше спротивна линија од партијата и не ја поддржа владата.
Кажаното „да“ од Димитрис Каменос беше дочекано со аплаузи од Нова демократија, но и беше експресно избришан од Независни Грци, со одлука на претседателот Панос Каменос.
Со обраќањето на грчкиот премиер Ципрас заврши тридневната расправа за гласање недоверба на владата по поднесената иницијатива од Нова демократија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од четвртокот напладне, 38 часа, со говори од над 193 пратеници, министри од владата и лидерите на политичките партии, грчкиот парламент дебатираше за договорот меѓу Македонија и Грција, дискусија која на моменти беше жестока, полна со меѓусебни обвинувања и критики, на релација власт опозиција.
Ново на Сител
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел