Грчкиот Парламент ѝ изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот Парламент на крајот од тридневната расправа што почна во саботата попладне, а заврши денес во 22 часот и 30 минути, јави дописничката на МИА од Атина.
Гласаа сите 300 пратеници, а Владата доби поддршка само од пратениците од Нова демократија.
Расправата траеше 31 час, збор зедоа 155 говорници од кои 33 министри, 108 пратеници, како и лидерите на политичките партии и премиерот на Грција.
Непосредно пред гласањето, свое обраќање имаше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој објави и низа мерки за погодените и семејствата на жртвите од ланските пожари во Мати.
Пред почетокот на последниот предвиден циклус од расправата односно обраќањето на лидерите на политичките партии, на премиерот и министерот за финансии, претседателот на Парламентот, побара од пратениците со едноминутен молк да им оддадат почит на жртвите од катастрофалните пожари, со оглед на тоа дека утре се навршува една година од денот кога 102 лица трагично ги загубија животите во поширокиот регион на Рафина.
Ново на Сител
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
-

Од вечерва нови најави за врнежи од дожд и снег
-

Се засилуваат критериумите за добивање субвенции
-

Вештачка интелигенција во јавниот сектор – дали ќе ги замени работниците?
-

Ниски плати, поттик за егзодус на младите од земјата
-

Жените се повеќе се дел од науката, потребно креирање политики
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
