Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Варвициотис утре во Скопје
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, утре и задутре, ќе престојува во работната посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.
– Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, стои во соопштението.
Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис ќе имаат билатерална средба утре, по што ќе следат изјави за медиумите.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
