Грчки медиуми: Министерката за труд на Македонија не ја трга таблата со старото име

Ставот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека ќе продолжи да ја користи таблата со старото име, го објавуваат медиуми во Грција, пренесувајќи го текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
„ Македонија: Продолжува да провоцира министерката за труд“; „Скопје: Министерката за труд не ја симна таблата со името „Република Македонија“; „Министерка на Македонија инсистира на старата табла“; „Министерката од ВМРО одново се појави пред контроверзната табла Република Македонија“; „ Македонија: Министерката за труд не ја трга таблата со старото име на земјата“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.
-Министерката за труд и социјална политика од техничката влада на Македонија, Рашела Мизрахи, на прес-конференција за темите од нејзиното министерство, повторно се појави пред „контроверзната“ табла на која е напишано претходното име на земјата (Република Македонија). Мизрахи која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, прашана за конкретното, изјави дека таблата ја наследи кога ја презеде министерската функција на почетокот на јануари и нема намера да ја смени, пишува грчката новинска агенција во текстот под наслов „ Македонија: министерката за труд ја користи таблата со старото име на земјата“ што го презедоа останатите онлајн изданија на медиумите во Грција.
Медиумите, паралелно, ја пренесуваат и веста за ратификацијата во македонското Собрание на протоколот за членство во НАТО, текст исто така објавен и преземен од државната новинска агенција АНА-МПА.
Во текстот, објаснето е дека останува уште Шпанија да го ратификува протоколот за членство на нашата земја во НАТО, веројатно во текот на март, но дека тогаш „ќе се распушти Парламентот на Македонија за да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април“, а пренесен е и дел од говорот на претседателот Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, со заедичка одговорност можеме да зачуваме чист и уреден градот
-

Министерство за здравство: Случајот со пациентката од Струмица ќе биде темелно испитан, јавноста ќе биде навремено информирана за сите наоди
-

Багеи: Ормуската Теснина никогаш нема да се врати на состојбата пред војната
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
