Грчки медиуми: Борисов „посредник“ меѓу Скопје и Атина

„Скопје и Софија се блиску до потпишување договор за добрососедство“, „Заев во посета на Софија“, се само некои од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои јавуваат за посетата на македонската висока државна делегација на Софија.
Извештите се без коментари, освен весникот„Ризоспастис“ кој вели дека бугарската Влада презела улога на „трговски патник“ за евроатлантските интеграции. Според весникот, бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера се ставил во улога на „посредник“ во спорот меѓу Атина и Скопје за уставнто име на Македонија.
Во другите извештаи во Грција се пренесува дека Борисов истакнал оти Бугарија ја поддржува унитарноста на Македонија и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, проценувајќи дека внатрешната политичка ситуација во Македонија се стабилизирала.
- Ќе направиме се што е можно со пријателска Грција да работиме заедно да ги решиме сите проблеми, бидејќи дестабилизацијата на Македонија, значи и дестабилизација на нашите граници, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на Борисов.
Од вчерашните изјави на премиерот Заев во Софија, во Грција се пренесува оти тој рекол дека Бугарија е прв сосед и има огромна желба да и помогне на Македонија во евроатлантската интеграција и оти двете земји заеднички ќе го прослават „Илинден“ на 2 август, кога ќе биде потпишан и договорот за добрососедство.
„Премиерите на двете земји истакнаа дека остануваат само некои детали за да се заврши договорот, кои, како што кажа Заев, ќе ги комплетираат македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи“, јавуваат грчките медиуми.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
