Грчки фирми-фантоми никнуваат во Бугарија

Во периодот на грчката финансиска криза, а посебно минатата година по воведувањето на ограничувањата на капиталот во Грција, во Бугарија како печурки никнаа грчки фирми и банкарски сметки, пишува грчкиот весник „Имерисија" во статија наловена „Голем број фирми фантоми во Бугарија".
Првично, тоа се сметаше за „бум", но тоа набргу пукна како „балон", бидејќи според официјалната статистика приближно осум од десет фирми основани во Бугарија со грчки капитал, се всушност фантоми, кои поседуваат само „печати" и „даночни броеви", но де факто, не развиваат никаква стопанска дејност, додава весникот.
Повеќето од овие новосоздадени фирми во Бугарија немаат ниту вработени, ниту пак, се занимаваат со трансфер на производствена и трговска дејност од Грција во Бугарија, се посочува во написот.
Во Бугарија може да се основа фирма или да се отвори банкарска сметка „буквално за еден ден", нагласува весникот. По влегувањето во сила на новите даночни и осигурителни мерки во Грција, се повеќе претприемачи размислуваат и планираат да ги префрлат седиштата на своите фирми или во Бугарија или во Кипар.
Во статијата уште се вели и дека сето тоа ќе ја лиши грчката држава од значителни приходи, а „митот" за бегството на грчките фирми во Бугарија се заснова на фирмите-фантоми, кои се создаваат за да вртат „триаголни зделки" и да префрлаат пари од фирми и физички лица на сметки во Грција и така тие ги заобиколуваат ограничувањата на капиталот, заклучува „Имерсија“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност и претседател на ЦИБ
-

Жан Митрев обвинува, Филипче најавува тужби, ВМРО-ДПМНЕ бара истрага
-

Филипче: На седница ќе го кажеме ставот за Законот за прекршоци
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
