Грчката Влада расправа за отворање на границата со Македонија
Портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на попладневниот брифинг за новинарите откри дека грчката влада во моментов разговара за границите со соседите, пред се Македонија и Албанија, за чии државјани е забранет влез во земјата до 1. Август.
„Ова е елемент што се разгледува во овој момент на состанокот што е во тек и одговор на ова прашање ќе има кога ќе заврши состанокот. Прашањата што се поврзани со административни одлуки преку заеднички министерски одлуки, што се издадени, а истекуваат во следните денови, исто така ќе се оценат, за да се дадат соодветни насоки, за нивно обновување или прекинување“, изјави Пецас.
Инаку, претходната одлука беше донесена на 15 јули, и важи до утре.
Советот на ЕУ попладнево официјално објави нов ажуриран список на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август. На тој список нема ниту една земја од Западен Балкан, а е отстранет и Алжир.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените