Грчката Влада одвои уште девет милиони евра за кампања за информирање на граѓаните за Ковид-19

За спречување на ширењето дезинформации и лажни вести и за правилно информирање на граѓаните за Ковид-19, особено во фазата на постепено враќање во нормала, грчката Влада донесе одлука да одвои дополнителни девет милиони евра за медиумските кампањи.
– Во фазата на постепено преминување во „новата нормала“, неопходно е да ги едуцираме граѓаните за еден нов начин на живот и да ги заштитиме од дезинформации и „ fake news“, бидејќи кога не постои информирање, се шират несигурноста, стравот и паниката, истакна заменик-министерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, додавајќи дека токму од овие причини со заедничка министерска одлука, „кампањата за информирање на граѓаните се зајакнува со дополнителни девет милиони евра“.
Досега, Владата за медиумите одвои 11 милиони евра до крајот на април, а со новите девет, вкупниот износ достигнува до 20 милиони евра.
Пецас објасни дека за кампањата да има целосна транспарентност Министерството за финансии директно ги исплаќа парите, без поврат, на медиумите за прикажување или пренесување на информативните пораки.
Портпаролот на грчката Влада, во соопштението истакна дека информирањето на граѓаните е едно од „најважните оружја за справување со коронавирусот“.
– Бидејќи информирањето буквално спасува животи. Поради тоа, во активностите на Владата вклучена е и неопходната кампања за комуникација и информирање на граѓаните во однос на потребните мерки за заштита и однесувањето за ограничување на ширењето на коронавирусот, наведе Пецас и потсети дека досега, информирањето на Грците било во две насоки, пораката „Остануваме дома“ и одлучувачката важност на одговорното, точно и навремено информирање.
Ново на Сител
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
-

Земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка - Кривична пријава за три лица
-

Муцунски за уставните измени и спорот со Бугарија: Кардиналните грешки на нашите претходници не може да се решат преку ноќ, планирам средба со мојот бугарски колега
-

Три години силувал и злоупотребувал дете за креирање на порнографски содржини - Обвинителството побара притвор
-

Биљана Ангелова реизбрана за ректорка на УКИМ
-

Трамп: Американците немаат поблиски сојузници од Британците
-

Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток
-

Виктор Орбан предлага да се повлече од раководството на партијата ФИДЕС, одлуката ќе биде донесена во јуни
