Грчката полиција спречила инцидент меѓу навивачи, уапсени 87 лица

Во атинска населба, грчката полиција вчера уапсила 87 лица, од кои 62 малолетни, со што спречила инцидент меѓу навивачи во пресрет на натпревар на локални тимови, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсените, како што соопштија од полицијата, биле во две групи, во близина на стадионот, а кај нив биле пронајдени парчиња дрво, железо, дрога, пиротехнички материјали итн.
Подоцна било констатирано дека станува збор за навивачи на два различни тима, односно на двете екипи што синоќа играле на локалниот стадион.
-Грчката полиција, во рамките на справувањето со насилството со спортска позадина, ќе продолжи да врши проверки со цел спречување и сузбивање на ваквите појави, соопштија од полицијата.
Уапсените за товарат за формирање и учество во криминална организација, за прекршување на законите за спорт, оружје, пиротехнички материјали, дрога и нарушување на јавниот мир, а денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.
Ново на Сител
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
