Балкан
7. September 2015 - 13:05

Грчката крајбрежна стража спаси 61 илегален мигрант

Грчката крајбрежна стража и траект „Блу стар 1“ денеска спасија 61 илегален мигант во морето во близина на Митилена.

Грчките власти добиле сигнал дека има брод во опасност, по што траектот и крајбрежната стража нашле голем чамец со мигрнати во него, кој почнал да тоне. Сите мигранти, меѓу кои имало и многу деца, се спасени.

Во меѓувреме, фериботот „Елефтериос Венизелос“ со 2.492 мигранти од Митилена пристигна на пристеништето Пиреја. Властите ги преземаат сите неопходни мерки за безбедно спроведување на мигрантите. јт/ссм/09:17